Опаѓа бројот на новозаразени во Гостивар: вчера се регистрирани 293 нови случаи, пикот бил во петокот кога помош побарале 649 луѓе
Во Гостивар продолжува трендот на намалување на бројот на нови случаи со гастроентеритис. Во Општа болница и Здравствениот дом Гостивар се регистрирани помалку прегледи во споредба со претходните денови, откако беше прогласена епидемија на 19 јули.
7/21/2026 6:40:06 AM