Прогласена 30-дневна кризна состојба во Гостивар
Владата прогласи 30-дневна кризна состојба во Општина Гостивар поради сериозните проблеми со водоснабдувањето и епидемијата што настана. Целта е побрза координација на институциите и обезбедување на безбедна вода за пиење, додека од Јавното обвинителство најавуваат истрага за одговорните.
7/21/2026 6:40:06 AM