Косовски државјанин приложил фалсификувани документи за возило со руски таблички
Полициски службеници од Полициското одделение Матејче го лишиле од слобода Б.С. (36) од Косово поради сомнение дека сторил кривично дело „фалсификување исправа“, соопшти Министерството за внатрешни работи. Според информациите од МВР, пријавениот на 20 јули околу 17:00 часот во полициското одделение приложил фалсификувани документи за претходно пронајдено патничко возило „Ауди А8“ со руски национални ознаки. […]
7/21/2026 5:01:56 AM