„Алкалоид“ АД Скопје е прогласен за апсолутен победник во категоријата најпосакуван работодавач за 2024 година, третагодина по ред, според анкетата спроведена од веб порталот „Вработување.ком“. На манифестацијата организирана од „Вработување.ком“, беа доделени награди за компании во повеќе категории, врз основа наанкетен прашалник спроведен на национално ниво во текот на2024 година. Ова признание претставува особена чест за нас и уште еднапотврда за нашата посветеност на негувањето на основнитекомпаниски вредности – да креираме работна средина која ги поврзува сите: од вработените до образовните институции и заедницата во која живееме и работиме. Во основата на сето тоа севисоките професионални стандарди, кои ја обликувааткорпоративната култура на нашата компанија. Нашите вработени со своето знаење и посветеност се движечкатасила на секој наш успех. Во „Алкалоид“ остануваме посветени нагрижата за вработените, како и на нивниот раст и кариерен развој, бидејќи веруваме дека луѓето се најценетиот капитал на нашатакомпанија. Низ визија, иновација и поддршка продолжуваме да одржуваменајвисоки етички и професионални норми и работна средина којаи натаму ќе претставува најпосакуван избор на компанија завработување на младите луѓе.
The post „Алкалоид“ трета година по ред е апсолутен победник – најпосакуван работодавач за 2024 година appeared first on Expres.mk.
© 2025 Sedmasila All rights reserved.